Кога бебeто можe да почне да јаде цврста храна?

Loading...

ако мислењата за воведувањето на цврста храна во исхраната на бебето се менуваат неколку пати во последните неколку децении, експертите обично се согласуваат дека периодот од четвртиот до шестиот месец е најадекватен, и дека зависи од развојот на детето.
Повеќето педијатри и педијатриски диететичари се согласуваат дека бебињата би можеле да почнат да јадат цврста храна на возраст од четири до шест месеци, во зависност од нивната подготвеност.
Она што не се препорачува е воведување цврста храна пред четвртиот месец бидејќи не носи никаква корист и може да предизвика штета, вклучувајќи зголемен ризик од подоцнежни проблеми со тежината, алергии на храна и поголем ризик од задушување, пишува списанието Parents.
Исто така, треба да се внимава бебињата да не почнат да јадат цврсти оброци предоцна. По шест месеци, само мајчиното млеко или формулата веќе нема да можат да ги задоволат потребите за хранливи материи на доенчињата, така што мешаната храна може да помогне. Цврстата храна, исто така, ги запознава бебињата со текстурата и вкусовите, помагајќи им да станат поподготвени да консумираат различни видови храна во иднина.
Како да знаете дали вашето бебе е подготвено за цврста храна?
„Следете ги знаците“, препорачува Дина Димаџо, педијатар од Њујорк и коавтор на книгата „The Pediatrician’s Guide to Feeding Babies and Toddlers“.
Повеќето бебиња покажуваат знаци на подготвеност помеѓу пет и шест месеци. Тие вклучуваат: добра контрола на движењата на главата, способност за седење со поддршка, исчезнување на инстинктот за потиснување на јазикот и покажување интерес за пробување храна.
Житариците се вообичаена прва храна за бебињата, но тие не мора да бидат единствената опција – месото, зеленчукот и овошјето исто така може да бидат добар избор. Одлуката може да зависи и од тоа дали ќе се одлучите за традиционалниот пристап со хранење со лажица или ќе го оставите бебето да јаде само.
Не постои посебно правило за воведување одредена храна, само почекајте два до три дена помеѓу новите намирници за да помогнете да се идентификуваат алергиите. Можни знаци вклучуваат надуеност, зголемени гасови, осип околу устата или анусот, дијареа, течење на носот или очите.

loading...
Loading...