Кога еднаш ќе ги пробате, ќе ги подготвувате постојано: Рецепт за печени компири на малку поразличен начин

Доколку не сте љубители на месо, а сакате компири и кашкавал, тогаш треба да се обидете да го подготвите овој рецепт.
Речиси и да не постои човек кој не сака компири, а доколку уживате и во кашкавалот, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас.
Состојки:
1 килограм компири;
– 250 грама изрендан кашкавал;
– 250 грама павлака за готвење;
– 30 грама путер;
– 2 чешниња лук;
– Една лажица сол, бибер;
– Мајчина душица.


Подготовка:
Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови.
Путерот стопете го и измешајте го со павлака и згмечениот лук.
Излупете ги компирите, па исечете ги на тенки парченца, а потоа зачинете ги.
Прво во огноотпорен сад или плех чија површина сте ја намачкале со путер, наредете компири, па прелијте ги со смесата од путер и павлака, додадете една третина од кашкавалот, па додадете мајчина душица.
Уште еднаш повторете ја постапката со останатите состојки, а третиот слој компири само прелијте го со путер и павлака.
Покријте го садот со фолија и печете околу 50-60 минути во рерна, па извадете го садот и одгоре ставете од изренданиот кашкавал кој ви останал. Печете уште 15-на минути додека кашкавалот не се стопи.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи: