Кога Тијана Дапчевиќ ја пее „Proud“ – Тамара Тодевска горда на сестра ѝ за изведбата на Беовизија

Loading...

Викендов во Србија се одржуваше Беовизија, а во саботата Тијана Дапчевиќ настапи со извонредна изведба на Proud.
Тамара Тодевска воодушевува каде и да настапи со евровизиската песна Proud, а викендов нејзината сестра изненади со беспрекорна изведба на оваа песна.

Облечена во шарен костим и со перика, Тијана имаше спектакуларен настап и звучеше многу моќно.
На нејзиниот Инстаграм профил таа го сподели видеото и напиша: „Вчера имав можност да ја отпеам најспектакуларната песна за 2019-та година, која ја изведе мојата сестра на Евровизија во Тел Авив и направи да бидам најгорда на светот.“
И Тамара Тодевска го сподели видеото на нејзиниот Фејсбук профил и напиша: „Кога Тијана Дапчевиќ ја пее Proud. Те сакам сестро… Една е сестра.“
Две талентирани сестри – има ли подобра комбинација? Погледнете го настапот на Тијана Дапчевиќ:

loading...