Кога ја нема Мила, Ештон брка други девојки

Loading...

Постојат некои работи во животот кои се сé повеќе точни- живот, смрт и еднаш прељубник, засекогаш прељубник. Знаеме дека постојат и исклучоци, но во повеќето случаи тоа се повторува.
Ештон Качер отсекогаш бил прељубник. Кога неговата поубава половина не му е во видикот, неговиот поглед лута во потрага за нова жртва на неговиот шарм и тука очигледно неможе да си помогне. Верноста е негова слаба точка и неговата девојка Мила Кунис треба да биде свесна за овој факт. Впрочем, го познава 15 години и цело време го гледала како ги повторува истите грешки со жените.
Оттука, зошто мислела дека овој пат ќе биде поинаку, останува мистерија. Нејзиното мислење дека Ештон ќе остане верен е поеднакво лудо како верувањето на Стејси Киблер дека Џорџ Клуни ќе се ожени. Ништо од тоа нема ни да се случи. Ештон се сплетка со Мила откако неговиот во брак со Деми Мур се распадна. Сакал да побегне од постарите и според некои извештаи не е баш стабилна личност што е и разбирливо. Деми беше свесна дека Ештон ја изнерерува со Мила, а логично е да се заклучи дека бил и со други жени.
Сега кога е со Мила би требало да му завидуваат многу мажи бидејќи неговата девојка е убава, секси и паметна (освен очигледно во врските). Наместо овој однос да го чува и негува, што прави Ештон? Судејќи по неговата ноќ минатиот викенд на фестивалот SXSW во Тексас, додека Мила била во Лондон, е дека лудо се забавувал со други девојки.
Според изјавите на очевидците, кои ги потврдуваат и папараци фотографиите, Ештон во ВИП делот на еден клуб опуштено се забавувал со непозната бринета. Ако Мила нему е на видик, Ештон го работи она што најдобро го знае-го бара вниманието на желни и атрактивни девојки.
Мила заради ова однесување би требала да биде и тоа како внимателна. Без оглед на се, Ештон во нејзино отсуство секогаш ќе бара замена, во тоа очигледно не ни може да му помогне, а тој не се ни труди да се промени. Дали ќе го „шутне“ Мила заради ваквото однесување? Дали ќе му постави некакви услови или едноставно ќе го толерира неговото однесување? Времето ќе покаже.Постојат некои работи во животот кои се сé повеќе точни- живот, смрт и еднаш прељубник, засекогаш прељубник. Зн

loading...