Кое е вистинското место за да ја поставите елката и како да украсите – ова се совети по Фенг шуи

Древната кинеска техника за уредување на просторот, Фенг шуи препорачува за време на новогодишните празници домот да ви биде украсен со боите на оганот, за да се привлече таква енергија.
Токму затоа, треба да направите среќна мешавина на црвени и златни свеќи, сијалички и украси на новогодишната елка, а за вистински баланс внесете елементи на метал и вода – бела, сина, сива и сребрена.
Сепак треба да внимавате и да не претерувате со црвената боја и истата да ја користите умерено. Тоа е кинеската боја за среќа, но ако се користи претерано, енергијата може да се подигне до ниво на бес.
Новогодишната елка треба да ја позиционирате на исток, југ или југоисток бидејќи тоа се позиции на кои се привлекува здравје, слава и пари.
Свеќите ќе ја чуваат енергијата на вашиот дом свежа, а особено ефект имаат оние од восок од пчели или соја бидејќи одлично ја прочистуваат енергијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.