Козлина го продолжи договорот со Металург

Loading...

Миладин Козлина, левиот бек на македонскиот ракометен шампион Металург, го продолжи договорот со клубот од Автокоманда, тој ќе остане и во наредните две сезони.

Словенецот, потписот на договорот според кој ќе биде играч на Металург до јуни 2015 година, го ставил во петокот. “Пресреќен сум. Потпишав двегодишен договор и останувам во средина каде можам најдобро да се пронајдам  како ракометар. Му благодарам на клубот за довербата и се надевам дека ќе го дадам својот придонес во идните успеси на Металург“, изјавил по потпишувањето на договорот Козлина за клупската интернет страница. Козлина е третиот играч на Металург, кој оваа недела го продолжи договорот, претходно нови двегодишни договори потпишаа Ренато Вугринец и Младен Ракчевиќ.
Макфакс
Миладин Козлина, левиот бек на македонскиот ракометен шампион Металург, го продолжи договорот

loading...
Loading...