Кои видови намирници можат да придонесат за здрав раст на косата?

Негата на косата започнува од скалпот. Во тој поглед, од голема важност се хранливите материи кои ги внесувате во вашето тело. Сакате цврста и бујна коса? Доволно е да бидете внимателни во изборот на вашето секојдневно мени.

Еве кои состојки можат да ви помогнат во вашата секојдневна рутина.
Кои видови намирници можат да придонесат за здрав раст на косата?
Протеини
Кератинот е еден од најважните протеини кои се наоѓаат во косата. Станува збор за мешавина на аминокиселини, како цистеин, пролин и глицин. Затоа, за да го задоволите потребното ниво на кератин, неопходно е да консумирате јајца, месо и риба, како и наут, леќа, овес и грав (доколку сте вегани или вегетаријанци). Аминокиселините кои се дел од овие производи преку исхраната можат да се претворат во кератин и на тој начин да придонесат за зацврстување на влакното.

Кои видови намирници можат да придонесат за здрав раст на косата?


Б витамин
Б витамините како биотин и ниацин можат да придонесат за побрзо растење на косата бидејќи се отпорни кон слободните радикали. Освен тоа, биотинот помага во производството на кератин. Овој витамин се содржи во производите како јајца, риба, месо, јаткасти плодови, брокула, спанаќ и сладок компир.
Д витамин
Се смета дека витаминот Д е еден од најважните витамини кои го помагаат здравиот раст и развој на фоликулите на косата. Покрај тоа, истражувањата покажале дека недостатокот на витаминот Д може да биде една од главните причини за опаѓање на косата. Витаминот Д се содржи во намирниците како лосос, печурки, скуша, сардина и јајца. Но, најчесто не е доволно да се задоволат дневните количини преку исхраната, затоа можете да размислите и за дополнителните додатоци на витамин Д

Пронајдете не на следниве мрежи: