Кои земји сѐ уште не почнале со вакцинација?

Loading...

Поголемиот дел од државите во светот веќе имаат започнато со процесот на вакцинација против COVID-19, но сепак голем е бројот на држави кои уште не го скршиле мразот.
Ако се погледна картата на светот со обележани државите каде вакцинацијата е почната (со сива боја) и оние кои сѐ уште не го направиле тој чекор (со црвена боја), се гледа дека речиси цела Африка заостанува со вакцинацијата.
Единствените држави од Африка кои веќе вакцинираат се Мароко (AstraZeneca и Sinopharm), Египет (Sinopharm), Алжир (Спутник V), Јужна Африка (Johnson & Johnson), Сејшели (Sinopharm и AstraZeneca), Руанда (Pfizer и Moderna), Маврициус (AstraZeneca), Зимбабве (Sinopharm) и од синоќа Гана која преку КОВАКС доби вакцини од Pfizer.
Во Европа вакцинацијата не е почната во Белорусија, Украина и Грузија.
Процесот на вакцинација заостанува и во земјите од Централна Азија. Монголија имаше најави дека деновиве ќе почне со вакцинација.Во Океанија само Папуа Нова Гвинеја нема почнато, додека во Јужна Америка единствено Уругвај, Парагвај, Суринам и Француска Гвајана. Необично е што во Француска Гвајана не е почната вакцицијата знаејќи дека тоа е територија во склоп на Франција каде во тек е вакцинацијата.

loading...