Кои луѓе најмногу лажат?

Loading...

На привлечноста од лагата никој не е имун но сепак постојат некои луѓе кои лажат повеќе од другите.

Едно истражување од Калифорнија си поставило цел да открие кој тип на луѓе најмногу лажe.

Еден од заклучоците е дека најчесто лагите ги користат манипулаторите и луѓе склони кон „матни“ работи. Манипулаторите се личности кои првенствено мислат само на себе – па по некоја логика тие и би биле најголеми лажговци. Но, тоа не е потполно вистина.

Всушност, лажговци можат да бидат и луѓе кои премногу се грижат за другите, а она за кое тие најмногу се грижат е мислењето на другите за нив. Тој тип на карактеристика ги опишува луѓето кои постојано се загрижени за тоа каков впечаток ќе остават.

Многу поголемо изненадување е фактот што екстровертните луѓе лажат многу повеќе од интровертните.

За резултатите да бидат уште поточни, научниците ги зеле во обѕир бројот на прилики кои екстровертите и интровертите имале можност да лажат во јавност (т.е. меѓу други луѓе) и тој број го поврзале со бројот на лаги кои ги кажувале. Така, дошле до заклучок дека екстровертните луѓе лажат повеќе од интровертите.

Зошто екстровертите лажат повеќе од интровертните?

Веројатно поради тоа што ситните лаги овозможуваат олеснување на секојдневните социјални интеракции.

„Екстровертите не се ни свесни колку лажат“ – вели психологот Бела де Пауло. Уште една значајна информација заедничка за сите кои многу лажат е неодговорноста. Неодговорните луѓе лажат значително повеќе од одговорните и доверливите луѓе.“

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...