Кои се најбогатите земји на светот?

Loading...

Според БДП по глава на жител најбогата земја на светот е Луксембург, а во топ 5 се наоѓаат дури четири европски земји.
Бруто-домашен производ, или скратено БДП (на англиски gross domestic product, GDP), е еден од основните показатели на големината и успехот на една економија. БДП е дефиниран како вкупна пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период (вообичаено, една година).
Ако помисливте дека богатите држави од Блискиот Исток како Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар ќе бидат на врвот – сте се излажале. Можеби располагаат со големи количини нафта, можеби нивната елита е пребогата, но процентулано земено населението во овие држави не е ни помеѓу најбогатите 25 на светот, токму поради нивниот БДП.


Најбогата земја во светот со БДП од 109.602 американски долари по жител е малата европска земја Луксембург. Зад неа се Швајцарија, Ирска, Норвешка, а топ 5 се заокружува со САД.
Од Блискиот Исток сепак има во топ 10 и тоа Катар кој е 9-ти. Воедно, тој е единствениот претставник од овој регион меѓу првите 25, доколку не го сметаме Израел.
Топ 10 изгледа вака:
Луксембург – $109.602,32
Швајцарија – $81.867,46
Ирска – $79.668,50
Норвешка – $67.988,59
САД – $63.051,40
Сингапур – $58.483,96
Данска – $58.438,85
Исланд – $57.189,03
Катар – $52.751,11
Австралија – $51.885,47
Луксембург својата финансиска моќ ја добива од банкарството и финансиските услуги. Швајцарија од истите две плус земјоделие, Ирска од земјоделие, рибарство, шумарство, руда и фармација, Норвешка од масло, гас, хидроцентрали и морска храна, додека САД од недвижнини, здравство и технологија.

loading...
Loading...