Коктел залачиња од кремвишли и готови кори

Состојки
1 пакетче готови кори за пита
12на кремвишли
200 мл јогурт
2 јајца
1/2 чаша брашно
1/2 чаша масло
малку сол
по потреба сусам


Изматете ја смесата од јајца, масло, сол, брашно и пециво.
Корите разделете ги по три, бидејќи по толку ќе треба за една ролна.
Секоја се премачкува со четче од изматената смеса, па на почетокот се редат кремвишлите и се витка цврсто во ролат.
Ролатот се сечи на парчиња по желба.
Ако ги сакате како кифлички во поголема должина, ако ги сакате како коктел залачиња сечете ги на 2 прста дебелина.
Наредете ги ви тава за печење и премачкајте ги со останатата смеса одозгора, па наросете ги со суам или други семиња по желба.
Се печат на 200С додека не поруменат.


Loading...