Колач со модри сливи

4 јајца
200 г шеќер
160 г брашно
80 мл масло
80 мл млеко
1 прашок за печиво
1 лажица сок од лимон
прстофат сол
500 г модри сливи
Модрите сливи исечете ги на половина и извадете ја семката.
Одделете ги жолчките од белките. Белките заедно со солта и сокот од лимон цврсто изматете ги. Жолчките изматете ги со шеќерот. Додадете ги млекото и маслото, и повторно изматете. Брашното измешајте го со прашокот за печиво, постепено додавајте го во смесата и постојано мешајте. На крај вмешајте ги изматените белки. Нанесете ја смесата во тава обложена со хартија и наредете ги сливите со исечената страна нагоре. Печете 40 минути на 180 степени околу 35 – 40 минути.

Loading...