Колач со јогурт кој е вистинско задоволство за вашите сетила!

Loading...

Изберете ги состојките што веројатно веќе ги имате во вашиот дом и подгответе вкусна торта со јогурт која ќе ја обожаваат сите членови на вашето семејство.
Состојки:
2 јајца
2 чаши шеќер
1/2 чаша масло
1 портокал
1 чаша јогурт
2 чаши брашно
1 чаша ореви
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
Подготовка:
Прво изматете ги јајцата. Потоа додадете масло, шеќер и ванилин шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи додадете јогурт, сок од портокал и ореви. Кога ќе добиете хомогена маса, постепено додавајте брашно и прашок за пециво. Мешајте додека се не се соедини. Потоа истурете ја смесата во подмачкана тава и печете додека не порумени. Можете да ја декорирате тортата со шлаг, шеќер во прав, чоколадо, итн.

loading...
Loading...