Колку вода треба да пиете за полесно да ги намалите килограмите?

Loading...

Пролетта е време кога и поинтензивно почнуваме да внимаваме на линијата, на тоа како изгледаме и како се храниме.
Тогаш на сцена настапуваат вежби, но и диети. Сепак, без разлика дали ги комбинирате двете или само едното, внесот на течности, поточно вода е од исклучителна важност.
Доколку сакате да ги намалите килограмите полесно и поефикасно, внесувајте многу вода. Но, и тоа многу треба да знаете колку треба.
Во продолжение ќе погледнете листа на која пишува колку вода треба да испиете според тежината. Ова може да го откриете и на апликациите за пиење вода.
Еве колку вода треба дневно да внесете за да ја намалите тежината полесно, а врз основа на тоа колку килограми тежите:


60 килограми – 2 литри вода (5 – 6 пати во денот по 350 милилитри)
65 килограми – 2.1 литри вода (околу 6 чаши од по 350 милилитри)
70 килограми – 2.3 литри вода (околу 6 чаши од по 350 милилитри)
75 килограми – 2.5 литри вода (околу 7 чаши од 350 милилитри)
80 килограми – 2.6 литри вода (околу 7 пати дневно по 350 милилитри вода)
85 килограми – 2.8 литри вода (околу 8 пати по 350 милилитри)
90 килограми – 3 литри вода (околу 8 чаши по 350 милилитри)
95 килограми – 3.2 литри вода (околу 9 пати по 350 милилитри)
100 килограми – 3.3 литри вода (околу 9 пати по 350 милилитри)
105 килограми – 3.4 литри вода (околу 9 пати по 350 милилитри)
110 килограми – 3.6 литри вода (околу 9 пати по 350 милилитри)
115 килограми – 3.7 литри вода (10 до 11 пати по 350 милилитри)


За полесно и поефикасно внесување вода во организмот, прочитајте ги и следниве совети:
– Пред секој оброк испијте две чаши вода од 250 милилитри. Ако јадете три пати дневно, на тој начин ќе внесете 1.5 литри вода.
– Наутро штом ќе се разбудите и навечер пред спиење, испијте две големи чаши вода и на тој начин ќе внесете исто така до 1 литро вода.

loading...