Колку време треба да помине откако ќе ПИВНЕТЕ, за да седнете зад ВОЛАН?!

Loading...

За опасностите од консумирањето алкохол и возењето не треба да се трошат премногу зборови. Но за жал, многу возачи не чекаат да им помине дејството и под “гас“ седнуваат зад воланот. Многумина мислат и дека можат да возат половина или цел час после пијачка. За жал, тоа не е точно и претераната самодоверба исто така може да биде опасна.
Алкохолот долго останува во организмот. Во Велика Британика во периодот од 5 часот наутро до 11 претпладне казнети е четвртина возачи заради возење во пијана состојба (а кај нив се дозволени 0,8 промили). Што кажува ова? Дека после вечерна пијанка, алкохолот се задржува во организмот и возачите се уште не се подготвени да седнат во автомобил.
Значи, со алкохолот треба внимателно, особено со проценката кога може да се вози. Како делува алкохолот?


Тоа зависи од полот, возраста, метаболизмот, видот на алкохол, за тоа што сте јаделе, нивото на стрес на кој сте изложени…
Британската организација за безбедност во сообраќајот Road Respect направила анализиа и издала препораки за тоа колку би требало да се чека после пиење, односно колку долго алкохолот останува во организмот
Чаша вино (13,5 отсто алкохол):
Еден пијалак – 3,5 часа
Два пијалака – 7 часа
Три пијалака – 10,5 часа
Четири пијалака – 14 часа
Пет пијалака – 17,5 часа
Чашка жесток пијалак (40 отсто алкохол):
Едена пијалак – 1,5 час
Два пијалака – 3 часа
Три пијалака – 4,5 часа
Четири пијалака – 6 часа
Пет пијалака – 7,5 часа
Пиво (5 отсто алкохол):
Еден пијалак – 2,5 часа
Два пијалака – 5 часа
Три пијалака – 7,5 часа
Четири пијалака – 10 часа
Пет пијалака – 12,5 часа

loading...