Колку всушност е богата Ким Кардашијан?

Loading...

Од раѓањето на нејзиното трето дете, Чикаго Вест, до издигнувањето на нејзината Бјути империја, Ким не застанува, а судејќи по сè нема намера да застане ниту во иднина.
На почетокот на годината беше ѕвезда на насловната страница на Форбс, каде зборувала за своите бројни деловни ангажмани. Со сите тие обврски и приливи, се запрашавме колку таа всушност е богата.
KKW Beauty, нејзината бјути империја, заработила 100 милиони долари од продажба минатата година, а Ким е единствениот сопственик. Нејзината мобилна апликација, Ким Кардашијан: Холивуд, заработила 45 милиони долари минатата година, а според некои извори, Ким заработила и околу 20 милиони долари за појавување во ријалити емисијата „Keeping up With the Kardashians“. Покрај тоа, таа има и рекламни договори и бројни други проекти.


Како што можеби веќе знаете, на почетокот на минатата година, Ким одбила милион долари за една Инстаграм објава, продавала и купувала бројни имиња, а од продажбата на својата вила на Бел Ер, заработила речиси девет милиони долари.
Кога сето тоа ќе го собереме, одземеме, помножиме или поделиме, доаѓаме до бројка од 350 милиони долари. Нејзиниот сопруг, Каније Вест, заработил околу 160 милиони долари, што значи дека како пар вредат 510 милиони долари.

loading...