Колку газирана вода е премногу и дали може да ја замени обичната вода?

Loading...

Љубителите на газираната вода велат дека им помага при варењето на храната, па дури и го задоволува нивниот глад. Експертите советуваат да се пие природна негазирана вода, но има многу луѓе кои не можат да живеат без шише газирана вода во куќата.
Колку газирана вода е премногу и дали може да ја замени обичната вода?
Но, колку е здрава, всушност, оваа втора опција?
Додека газираните сокови од половина литар можат да имаат до 600 калории, а нивната содржина на шеќер е поголема од просечното чоколадо, обичната газирана вода нема калориска вредност. Треба да се внимава на оние со вкус – ако водата содржи додадени вкусови, шеќер или лимонска киселина, не е здрава како природната. Нутриционист споделува дека постои одредена загриженост во врска со верувањето дека газираните пијалоци можат да носат проблеми со забите, но се чини дека овој ефект е позастапен кај газираните пијалаци засладени со шеќер.


Ако сте загрижени, откако ќе се напиете газирана вода исплакнете ја устата со обична вода. Студија од 2001 година открива дека газираната вода навистина предизвикува повеќе проблеми на забот отколку негазираната вода, но нивото на оштетување е сè уште ниско и скоро не постои во споредба со другите газирани безалкохолни пијалоци.
Друга студија, од 2007 година, открила дека газираната вода со вкус ги има истите штетни материи како и сокот од портокал кој го купуваме. Ако сте забележале дека прекумерното пиење газирана вода предизвикува подуеност, не заборавајте да ја намалите количината. Пијте чаша со оброк, но оставете вашиот примарен извор на хидратација да биде обичната вода.

loading...