Колку заработуваат за Нова година ѕвездите од регионот?

Додека нашите естрадни ѕвезди и тие кои ги ангажираат ретко или воопшто не сакаат да зборуваат за хонорарите, без разлика дали се работи за концерт или новогодишна прослава, тие од соседството очигледно немаат проблем со тоа. Па, така на пример прославите на Нова година ги чинеа Будва, Тиват и Бар, ни повеќе ни помалку, туку точно 600.000  евра. Најголемиот дел од парите, секако, е наменет за хонорарите на пејачите.
Весникот “Вјести“ од Подгорица потврдува дека пречекот на Новата 2019. година само градската каса на Будва ја чинеле 350.000 евра. Најголемиот дел од колачот го добил гостинот од Сараево, Дино Мерлин кому само за настапот на новогодишната ноќ покрај ѕидините на Стариот град му се исплатени 107.000 евра. Веднаш по Новата година тој излезе во јавноста со зборовите дека Будва е Монте Карло во овој дел на светот, дека се чувствува како дома и дека има одговорност на публиката секогаш да и приреди различен концерт и да и понуди нешто ново. Настапот, велат од таму, бил спектакуларен, а главниот градски плоштад полн до последното место од десетиците илјади посетители кои и покрај студеното време дошле да уживаат во неговите хитови.
Неговиот хонорар не е ништо необично кога се работи за такви големи ѕвезди. Исти хонорари за пречек на Нова година на отворено Будва плаќала и на Цеца Ражнатовиќ, и тоа уште пред 15-тина години, на Лепа Брена, Џибони, “Бело дугме“ и Здравко Чолиќ.

Loading...