Колку пати досега сме ги фрлиле? Семките од ова тропско овошје го намалуваат холестеролот

Постојат толку многу производи кои имаат корисни својства за кои не знаеме. На пример – семките од авокадото.
Колку пати досега сме ги фрлиле во корпа за отпадоци, а не сме знаеле за нивното поволно дејство?
Авокадото не спаѓа во евтини намирници, а може да се искористува 100 отсто. Затоа фрлањето на неговите семки во корпа за отпадоци не е добра идеја, односно нив можеме да ги искористиме.
Семките од авокадото имаат бактерицидни и фунгицидни својства, тоа значи дека се во состојба да ги неутрализираат штетни микроорганизми.
Освен тоа, семките содржат сапонини кои го поттикнуваат нашиот метаболизам и му помагаат на нашето тело да се ослободи од „лошиот“ холестерол. Тие произведуваат и содржат калциум, магнезиум и витамин Ц.
Како да ги примените семките од авокадо?
Пред да ги сварите семките, мора да ја излупите кафеавата „кожичка“ и да ги оставите да се исушат. Изрендајте ја кората, па ставете ја во рерна околу еден час на ниска температура.
Што се однесува до семките, може да ги испечете во рерна (околу 2 часа), зошто не е препорачливо да ги јадете свежи.
Како да го користите како додаток за исхрана:
Се препорачува да ги консумирате семките од авокадо доколку патите од гојазност, атеросклероза или пак имате проблем со крвниот притисок. Може да ги јадете доколку имате воспаление (на пример грип) или пак проблеми со варењето на храната. Ренданите семки вообичаено се додаваа во салата, смути и други јадења.
Рецепти:
Салата: Сите видови салати имаат одличен вкус со рендани семки од авокадо, но препорачуваме семките во прав да ги помешате со зеленчук, може да додадете јајца, варено месо или риба.
Смути: Изматете 2 шолји бадемово млеко, банана, целер, спанаќ и 1 лажица прав од семки од авокадо во блендер.
Кремаста супа: Пропржете кромид, додадете авокадо и 15 лажици чорба од зеленчук. Почекајте супата да проврие, па изматете ја во блендер. Ставете ја супата во чинија и додадете рендани семки авокадо.

Пронајдете не на следниве мрежи: