КОЛКУ ПЛАТА ЗЕМААТ ТИЕ ШТО „ДЕЛАТ“ СРЕЌА?

Во сите казина и обложувалници, македонските граѓани минатата година оставиле 526,5 милиони евра, а вкупната добивка на сите вакви лиценцирани компании е 37,6 милиони евра, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк

Порталот „Пари“ детално со приходи и добивки веќе ги објави финансиските резулатати на 18 највлијателни комании од овој сектор каде што се прави промет од 488,3 милиони евра  https://pari.com.mk/kockanje-oblozuvanje-polovina-milijarda-evra-potrosile-gragjanite-na-kocka-za-edna-godina/Сега, предемет на нашата анализа се платите на вработените во овој сектор. А бројот на вработени не е ни малку за потценување. Таму леб вадат околу 10.000 работници.

Минатата година просечната нето-плата во државата била 28.718 денари. Податоците покажуваат дека во најголемата компанија по промет ПРО-БЕТИНГ Скопје каде влегле 93,7 милиони евра и каде што лани работеле 185 вработни, просечната нето-плата е далеку под просекот и изнесувала 18.354 денари. Но треба да се земе предвид дека и добивката и била скромни 78.000 евра. Исто така, компанијата успела занчително да го зголеми бројот на вработените во однос на 2020 кога имаше многу карантини и кога во просек таму работеле 107 работници. Во 2020 година просечната –нето плата била 16.978 денари.

СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД е најголемиот работодавач. Таму имало поголем просек од републичкиот, односно просечната нето платата била 29.380 денари, што е значителен скок во однос на претходната година кога просекот им бил 23.998 денари. Лани во оваа компанија работеле дури 909 вработени , што е слично на претходната година кога работеле 915 вработени.

ТОП 10 КОМПАНИИ ПО БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ

КОМПАНИЈАПРИХОД 2021 (ВО ЕВРА)ДОБИВКА 2021 (ВО ЕВРА)ВРАБОТЕНИПРОСЕЧНА ПЛАТА (ВО ДЕНАРИ)
СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД ДОО Скопје82,8 милиони2,5 милиони90929.380
МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје21,3 милиони– 720.000 (загуба)61827.076
ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје44,2 милиони1 милион60621.233
СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје20,7 милиони-2,1 милион (загуба)57927.967
МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија15,8 милиони564.00054529.002
КЛУБ СПОРТ 77 увоз-извоз ДОО Битола11,5 милиони460.00049419.788
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје17 милиони166.00042529.192
ЗЛАТНА КОПАЧКА -ЕДЕН ДОО Скопје36,2 милиони87.00037720.015
ТХЕ-СЛОТС ДОО Скопје8,7 милиони267.00031617.547
ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО ДОО Богородица Гевгелија17,7 милиони955.00023717.806

АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА: ЗА НАС ОСТАНУВА МАЛ ДЕЛ

Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа велат дека кога ќе се сумираат приходи и расходи, за приредувачите останува 10% од кои треба да ги покријат трошоците за инвестициите и да остварат заработка што е основна цел на секој бизнис.

Тие за порталот Пари објаснија што прават со приходите:

– Приредувачите на игри на среќа имаат законска обврска за плаќање посебна давачка во вкупен износ од 23%, од кои 1,5% одат за потребите на јавното здравство и 1,5% за потребите на Агенцијата за млади и спорт, а останатите 20% директно се слеваат во централниот Буџет.

– Казината и автомат клубовите дополнително плаќаат годишно и за секоја лиценца која на приредувачите на игри на среќа во строго дефинирана процедура им ја издава Министерството за финансии, а конечно ја одобрува Владата.

– Приредувачите на игри на среќа како правни лица плаќаат и годишен данок на добивка по стапка од 10%. Плус за секоја поединечно остварена добивка од играње приредувачите имаат обврска да платат 15% данок на истата.

– Приредувачите на игри на среќа плаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос (со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7), за 10 илјади вработени.

– Државниот буџет се полни од приредувачите на игри на среќа и преку оданочување на закупнини на деловни простории, ДДВ преку купување опрема, мебел, надоместоци за струја и давање угостителски услуги, со кои се подржуваат меѓу 54 до 100 илјади други работни места надвор од секторот игри на среќа.

КАДЕ ИМА НАЈГОЛЕМА ПЛАТА?

Најголемиот просек е во КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје. Но во оваа компанија има само еден вработен така што тоа е неговата плата и лани била 281.332 денари. Инаку, Државната видеолотарија на РС Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје (ДВЛМ) е трговско друштво со ограничена одговорност за приредување игри на среќа, во заедничка сопственост на Државна Лотарија на РСМ и КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАЦИОНАЛ МАКЕДОНИЈА.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/kazina-i-oblozuvalnici-kolku-plata-zemaat-tie-sto-delat-sreka/

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.