КОЛКУ ПОВЕЌЕ ПЦУЕТЕ- ТОЛКУ ПОВЕЌЕ СТЕ ДОБАР ЧОВЕК! Дали ова е навистина ТОЧНО?

Loading...

Кога малку ќе размислиме за поврзаноста меѓу пцуењето и искреноста, може да ни се чини дека поискрените луѓе не се двоумат да изговараат пцовки, бидејќи помалку се грижат за тоа што мислат другите за нив.
Размислете кои се најискрените луѓе што ги познавате. Дали истите овие луѓе користат пцовки или не? А што е со луѓето околу вас за кои верувате дека се неискрени?
Кога малку ќе размислиме за поврзаноста помеѓу пцуењето и искреноста, може да ни се чини дека поискрените луѓе не се двоумат да изговараат пцовки, бидејќи помалку се грижат за тоа што мислат другите за нив. Од друга страна, и лажењето и пцуењето се сметаат за социјално штетни, па зарем тогаш нема смисла за личност што лаже да пцуе повеќе од другите?
За среќа, веќе не мора да шпекулираме за ова. Имено, Гилад Фелдман од Универзитетот во Мастрихт неодамна објави студија во која тој и неговите колеги ја анализираа врската помеѓу искреноста и пцуењето. Тие тоа го сторија подготвувајќи анкета со прашања што беа формулирани за да откријат колку се искрени луѓето што одговараат на нив. Одговори на овие прашања дадоа 276 волонтери, кои исто така им напоменаа на истражувачите дали и колку често пцијат.
Кој беше резултатот од ова истражување? Па нема да верувате, но откриено е дека луѓето кои пцујат се поискрени од оние кои само убаво се изразуваат!
Авторите на студијата, сепак, сметаа дека би било добро да ги завршат своите истражувања со друго, така што нивната теза за позитивната корелација помеѓу пцуењето и искреноста ќе биде на поцврста основа. Имајќи ја предвид оваа цел, тие користеле т.н. индексот на искреност на разни американски држави, а потоа ги следеа објавите на Фејсбук од близу 30.000 луѓе од сите соединети држави. Споредувајќи го индексот на искреност на американските држави со количината на пцуење во објавите на корисници од тие држави, истражувачите го потврдија нивното претходно добиено знаење дека е навистина точно дека поискрените луѓе пцујат многу повеќе.

loading...