Колку секс е доволен за една недела

Loading...

Просечните двојки имаат секс еднаш или двапати неделно. Секако, тука клучна улога имаат годините.
Количината на секс во бракот отсекогаш била предмет на голем интерес. Колку пати неделно е доволно? Може ли да се даде општ одговор на ова прашање? На ова се обиделе да одговорат бројни истражувања, но резултатите во секое од нив биле различни.
Сепак, едно истражување го донесе следниот заклучок – просечните двојки имаат секс еднаш или двапати неделно. Клучна улога играат годините. Новите брачни двојки во своите дваесетти и почетокот на триесеттите години имаат побогат сексуален живот, а понекогаш се случува да имаат секс и неколку пати на ден. За паровите кои се во постари години, сексуалните средби се нешто поретки.
Мажите и жените имаат различни ставови во врска со количината на секс во бракот и затоа истражувањата имаат различни одговори. Мажите обично сакаат повеќе секс, а жените тврдат дека не треба да се претерува.
Значи прецизен одговор на ова прашање нема. Клучот е компромис. Неделно треба да практикувате секс онолку пати колку што ви е потребно и на двајцата. За да добиете сопствен одговор, од суштинско значење е да имате отворена комуникација во бракот. Тоа е првиот чекор кон здрав сексуален живот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Просечните двојки имаат секс еднаш или двапати неделно. Секако, тука клучна улога имаат годините.

loading...