Колку скалила би искачиле за да дојдете до незаборавниот градски залез на Сонцето?

Меѓу бројните препознатливи знаменитости на Њујорк, се наоѓа и една помалку позната, но ништо помалу интересна.
Уметнички обликуваната градежна структура наречена Весел, чии патеки и мостови поврзуваат вкупно 2.500 скалила, е дел од новоформираниот кварт Хадсон јардс. Весел е отворен во март и за само половина година станал атракција која привлекува голем број посетители. Во време на најголема посетеност, на неговите скалила и мостови е претесно.
За секое свое ниво и од сите страни Весел пружа поглед на околните делови на “Големото јаболко”, како и извонредни можности за фотографирање.

Додека се качувате кон врвот, рефлексите од градот од рефлектирачките површини над вашите глави оставаат впечаток дека сте во соба со огледала.
А кога ќе дојдете до врвот, Весел можете да го согледате во целосната негова големина.
Од таму има поглед на еден од најпрепознатливите симболи на градот – Емпајр стејт билдинг, како и залезот на сонцето над реката Хадсон.

Loading...