Колку често треба да се перат алиштата: Изненадувачки но непобитни факти

Перењето е едно од домашните обврски кои многумина не го сакаат, но ако е непходно, не може да се негира дека знае да биде здодевно и заморно.
Но, според социјалната активистка д-р Холи Кеј-Смит, од Австралискиот универзитет во Западен Сиднеј, алиштата мора да ги переме многу поретко, пренесува „whimn.com.au“.
„Едноставните промени во модата и навиките за перење на облеката, можат да помогнат во борбата против климатските промени. Ни требаат решенија кои ќе се фокусираат на луѓето (а не на продуктите) за да ѝ помогнеме на животната средина – во принцип едноставните промени во секојдневните рутини можат да имаат големо влијание“, вели таа.


Една од тие мали навики е и перењето на облеката. Смит вели дека перењето алишта кои не се валкани, користењето штетни детергенти и вклучувањето машината исто така се вбројуваат, а мала промена во тие навики може да има големо влијание врз животната средина.
Колку често треба да ја переме облеката?
Д-р Холи Кеј-Смит вели дека ако облеката не мириса непријатно и не е валкана – тогаш веројатно не треба да се пере. Пред да ја ставите во машина, таа препорачува да го земете предвид следново:
1. До 82% од вкупната штета врз облеката се случува за време на перењето;
2. Само 7% од облеката која ја переме е всушност валкана, затоа проценете дали облеката навистина е за перење или не, за залудно да не трошите време, енергија и вода;
3. Потребно ви е само едно дополнително носење на облеката, пред да ја исперете и теретот за перење веќе ви е преполовен.

Loading...