Колку ќе чини во Македонија кутија цигари за неколку години?

Од минатата седмица поголемиот број брендови цигари во продавниците низ Македонија се продаваат за околу 5 денари поскапо. Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за неколку познати брендови на цигари. За поскапување на други брендови на цигари се уште нема информации.
Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари да чини близу или нешто повеќе од 300 денари.