Колку ќе ја чини државата гласањето на дијаспората?

Loading...

За овој изборен циклус предвидено е државата да издвои 30 милиони денари или околу пола милион евра за само 1.782 гласачи. Тоа значи дека гласот на дијаспората на претседателските избори скапо ќе ги чини граѓаните, односно секој глас на иселениците ќе чини најмалку 300 евра. Заради ова претседателот на ДИК, Оливер Дерковски вели дека е потребна промена на изборниот законик. Сличен став имаат и дел од експертите. Поранешниот претседател на комисијата, Александар Новаковски, вели дека се потребни нови законски решенија, а проблемот го лоцира и во тоа што според него мора да се знае точниот број на гласачи од дијаспората.
Гласањето за претседателските избори годинава ќе се спроведе во 32 дипломатско-конзуларни претставништва, а од земјава ќе бидат ангажирани 256 лица за кои треба да се обезбеди превоз, сместување, како и надомест на трошоци. Освен тоа, уште од самиот почеток во 2011 година гласањето во дијаспората го следат забелешки, заради излезноста на иселениците на изборите, но и големите трошоци на државата за организирање на избирачки места во кои право на глас остваруваат мал број на лица.

 

 

loading...