Комбинацијата од лук и лимон го зајакнува имунитетот и срцето

Loading...

Лукот е прогласен за лековита намирница поради својот исклучителен состав на витамини и минерали. Најпознатите компоненти на лукот се аденозинот кој спречува создавање на крвни згрутчувања и алицин кој се смета за природен антибиотик.


Лимонот е можеби најпознатото цитрусно овошје, а му се припишуваат бројни добробити за нашиот организам, најмногу поради витаминот Ц и неговата киселост која ги одбива штетните бактерии, а ги привлекува оние кои се добри за нашата дигестија.
Во продолжение, погледнете за што се користи оваа моќна комбинација:
– го намалува нивото на холестерол во крвта
– го регулира нивото на шеќер во крвта
– ја регулира функцијата на црниот дроб
– ги елиминира масните клетки и нивното складирање
– ја подобрува циркулацијата
– го зајакнува имунитетот и опторноста на организмот
– го штити телото од слободните радикали


Припрема на напиток од лук и лимон:
– 30 чешниња лук
– 6 излупени лимони
– 2 литри вода
Во едно поголемо тенџере, ставете го исецканиот лук и лимонот исецкан на мали парчиња. Потоа, додадете ја водата и ставете го тенџерето на оган. Оставете водата да зоврие, а потоа варете уште 10 минути.
Кога течноста доволно ќе се излади, процедете ја и ставете ја во стаклена тегла или шише и чувајте ја во фрижидер.
Како да го консумирате напитокот?
Овој напиток се консумира секојдневно, во рок од 3 недели. Секој ден по оброкот испијте 50 милилитри од напитокот, а потоа направете пауза од 7 дена. По паузата, продолжете со консумација во рок од 3 недели. Овој третман може да се спроведува на секои 6 месеци.

loading...