КОМЕНТАТОРОТ СТОЈАНОВСКИ ОДГОВОРИ НА КРИТИКИТЕ: ВАКА СЕ ГРАДИ НАЦИЈА, А НЕ ВО ПРЖИНО!

Loading...

Спортскиот ТВ-коментатор на националниот сервис – Тони Стојановски, чија реакција по судискиот свиреж за пласман на Македонија на Европското првенство во 2021 година стопли многу срца во државава, ама и пошироко, сѐ уште не стигнал да одговори на сите позитивни пораки на негова адреса. Реакциите се многубројни, открива тој за „Фактор.мк“ и им се заблагодарува на сите оние кои му изразиле поддршка, како и на оние кои му упатиле негативни критики без „поганости“.

Стојановски е категоричен дека во неговиот говор немало никаква партиска ниту политичка заднина и дека сето искажано е негов став, без било каков договор со раководството на „Националната радиотелевизија“.

„Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино или пред Пржино. Ова не е само фудбалки пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Мој став е дека партијата го ограничува човекот. Тоа беше само говор во кој единствено воведот беше однапред подготвен и немаше да биде искажан ако не победеше репрезентацијата. Јас сум само коментатор, јас не го дадов голот“, вели Стојановски за „Фактор“.

Поради тоа, но и поради добрите односи со менаџерскиот тим на националниот сервис, поставен во време на владеењето на сегашната опозиција – како што истакнува, а кој секогаш имал разбирање за коментаторите од спортската редакција и им овозможува слобода во искажувањето, Стојановски не очекува да биде казнет за своите коментари во вчерашниот еуфоричен момент (погледнете како изгледаше од коментаторска перспектива):

„Мене искрено ми е жал што од некои не е препозната патриотска, туку некаква партиска димензија. Тука немаше величење на ‘Македонизмот’ низ етничка призма, како што сакаат да прикажат“, вели Стојановски.

Сепак, тој признава дека „направил пропуст“ со тоа што нема споменато „Северна“ кога ја ословува државата, но се повикува токму на Преспанскиот, со образложение дека договорот нуди период на прилагодување кој и Грција сѐ уште го користи.

На крајот, ставот на Стојановски е категоричен:

„Македонштината во моето срце е поголема од сите партии, кои може да згаснат во кое било време, но припадноста кон земјата ќе остане да постои“, вели тој.

Извор: 365

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...