Компири со магдонос и лук

Loading...

Вкусни и крцкави компири…
СОСТОЈКИ:
1,5 кг компири
70 гр свеж магдонос
3 чешниња лук
70 мл маслиново масло
2 лажици путер
1 лимон
сол
бибер


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги и исчистете ги компирите, па исечкајте ги на коцки со еднаква големина и згответе.
Во мал сад измешајте исечкан магдонос и лук.
Исцедете ја водата од варените компири.
Во голема тава загрејте маслиново масло, па додајте компири и повремено протресувајте. Компирите печете ги околу пет минути додека кората не стане златно-смеѓа и крцкава.
Во компирите додајте комбинација од лук и магдонос, добро измешајте да се измешаат вкусовите. Потоа додајте путер, посолете и побиберете по желба.
Кога компирите ќе бидат готови, преку нив изрендајте кора од помал лимон.
Добар апетит!

loading...