Компирот и зелката веќе стигнаа до 40 денари за килограм, а ќе поскапат и другите земјоделски производи

Loading...

На зелените пазари сè е покачено, а во споредба со лани цените на некои земјоделски производи се двојно зголемени. Компирот и зелката се продаваат по 40 денари за килограм, доматите се од 60 до 80 денари, пиперот од 50 до 70 денари, краставиците 50 денари, кромидот 30 денари за килограм… Земјоделците најавија ново поскапување на цените на земјоделските производи кое, како што велат, е неизбежно со оглед на порастот на цената на нафтата и на сите репроматеријали кои се користат во земјоделството
Порастот на цената на нафтата која е главен енергенс во земјоделското производство повторно ќе ги покачи цените на земјоделските производи. Нафтата е основен трошок во земјоделството, цела механизација го користи овој енергенс, па логично е дека со зголемување на нејзината цена ќе растат и цените на земјоделските производи. Освен нафтата поскапе работната рака, транспортот на земјоделските производи и сите препарати и ѓубрива кои се користат во земјоделството. Земјоделците велат дека субвенциите за нафта за земјоделството реално веќе не се 50 отсто, туку 20 отсто, бидејќи државата во меѓувреме воведе еколошката такса од 3,5 отсто, а цената на нафтата отиде до плафон.
На зелените пазари сè е покачено, а во споредба со лани цените на некои земјоделски производи се двојно зголемени. Производителите и трговците велат дека цените уште ќе растат, поради зголемувањето на трошоците за производство.
-СÈ Е ПОСКАПЕНО, А НАЈМНОГУ КОМПИРОТ И ЗЕЛКАТА КОИ СЕ ПРОДАВААТ ПО 40 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ. ДОМАТИТЕ СЕ ОД 60 ДО 80 ДЕНАРИ, ПИПЕРОТ ОД 50 ДО 70 ДЕНАРИ, КРАСТАВИЦИТЕ 50 ДЕНАРИ, КРОМИДОТ 30 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ… ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦЕНИ ПОБАРУВАЧКАТА Е МНОГУ НАМАЛЕНА. НИЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ГИ СПУШТАМЕ ЦЕНИТЕ ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАДАТ ПРОИЗВОДИТЕ, ПОДОБРО ДА СЕ ПРОДАДАТ ОТКОЛКУ ДА ГИ ВРАЌАМЕ ДОМА ИЛИ ДА СЕ ФРЛАТ. ТРГОВЦИТЕ ОБИЧНО ДРЖАТ ПОВИСОКИ ЦЕНИ, БИДЕЈЌИ ДРУГ ИМ ЈА ОДРЕДУВА ЦЕНАТА И НЕ МОЖАТ ДА ЈА СПУШТАТ, ВЕЛИ АЦО МАКСИМОВ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ОД СКОПСКО, КОЈ ДРЖИ ТЕЗГА НА ЗЕЛЕН ПАЗАР.


Земјоделците најавија ново поскапување на цените на земјоделските производи кое, како што велат, е неизбежно со оглед на порастот на цената на нафтата и на сите репроматеријали кои се користат во земјоделството.
-ПОСКАПУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ДОМАТИТЕ, ПИПЕРКИТЕ, КРАСТАВИЦИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ГРАДИНАРСКИ КУЛТУРИ КОИ ЕДНАШ ВЕЌЕ ПОСКАПЕА. ЦЕНАТА НА НАФТАТА ГОДИНАВА СТИГНА ДО 3.600 ДЕНАРИ ЗА ХЕКТАР, ШТО Е МНОГУ И ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ПОКРАЈ СУБВЕНЦИИТЕ КОИ ГИ ДАВА ДРЖАВАТА. МЕРКАТА „ЗЕЛЕНА НАФТА„ ВЕЌЕ НЕ Е 50, ТУКУ 20 ОТСТО, БИДЕЈЌИ ДРЖАВАТА ВОВЕДЕ НОВА ТАКСА, А ЦЕНАТА НА НАФТАТА ДВОЈНО СЕ ПОКАЧИ, ВЕЛИ ЗА ВЕЧЕР ДАНЕ ЈОШЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЛОЗАРООВОШТАРИ“.
Тој додава дека на крајот најголем ќар од поскапувањето на земјоделските производи, кое ќе удри по џебот на граѓаните, ќе имаат трговците од маржата и државата од ДДВ-то на земјоделските производи.
Зголемената цена на нафтата ќе ги зголеми и трошоците за есенската сеидба која е во тек, а тоа ќе предизвика зголемување и на цените на земјоделските производи од оваа жетва.
-ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА РАСТАТ СО ОГЛЕД НА ПОРАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА СИТЕ ИНПУТИ. НО НЕ СЕ ОЧЕКУВА НЕКОЕ ПОГОЛЕМО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ СО ОГЛЕД НА НАМАЛЕНИОТ СТАНДАРД НА ГРАЃАНИТЕ. НИЕ ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИМЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ И ЗА 50 ОТСТО, НО ПОСЛЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ КУПИ. ГОДИНАВА И ЦЕНИТЕ НА ТУТУНОТ ОЧЕКУВАМЕ ДА БИДАТ МНОГУ ПОВИСОКИ, НЕ САМО ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТУКУ И ПОРАДИ ПОДОБРИОТ КВАЛИТЕТ, ВЕЛИ ЗА ВЕЧЕР, МЕНДЕ СТОМНАРОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ТУТУНАРИ.

loading...
Loading...