Компир ролни со кашкавал и сланина

Loading...

Потребни состојки:

400 мл вода

1 кафено лажиче сол

20 гр путер

120 гр компир пире во кесичка

1/4 кафено лажиче сув магдонос

150 гр сланина

150 гр кашкавал

2 јајца

брашно по потреба за валкање

презла по потреба за валкање

Подготовка:

Водата ставете ја да проврие, додадете сол и путер. Откога ќе почне да врие додадете го компирот од кесичка и сварете го пирето, а потоа оставете го 15 минути да се излади.

Додека се лади пирето сланината исецкајте ја на ситни коцки и додадете ја во пирето, а потоа и магдоносот. Смесата поделете ја на 10 дела во секој дел ставете парче кашкавал и формирајте ролна.

Секоја ролна се валка прво во брашно, потоа во јајце и на крај во презла. Се пржат на загреано масло додека добијат убава боја.

На здравје !!!

 

loading...