Комплексите се твојот најголем непријател, имаш два избора!

Loading...

Години по ред сме учени дека скромноста го краси човекот. И така остануваме во сенката на оние што воопште не размислуваат дали се скромни или не – едноставно оделе напред со желбата да бидат забележани и успеале во тоа.
Не е важно колку умен и способен си ако немаш храброст да станеш и да докажеш. Така се раѓаат аутсајдерите. Толку многу празни и неталентирани луѓе успеваат да постигнат нешто само затоа што вистински способните и паметните глупаво го отстапиле своето право на глас и постоење.


Во животот често се случува така. Имено луѓето на кои некогаш си им ја пишувал домашната, денес да бидат твои шефови. А ти верен на долгогодишното убедување, продолжуваш да ја поднесуваш јавната неправда и најмногу што ќе направиш е внатрешен бунт во себе. Но само накратко.
Во твојата глава нема место за вистински бунт, зошто длабоко си заробен во замката на сопствените комплекси што речиси си задушен од болка.
Толку е силна што би требало да те натера да кажеш – „По ѓаволите! Тој го живее мојот живот!“
И повторно, како и за се во животот имаш два избора, едниот е да наведнеш глава под гилотината на своето погрешно мислење и воспитување, а другиот избор е конечно да прогледаш.
Никој не може да те лиши од она што ти припаѓа, освен самиот ти.

loading...