Кондуктерка почина откако заразен со КОРОНА ја плукна во лице и ја зарази

Loading...

Кондуктерка почина откако заразен со КОРОНА ја плукна во лице и ја зарази

Кондуктерка за железнички билети почина од коронавирус, откако таа била исплукана од страна на патник на работниот простор на станицата. Бели Мујинга (47), која имала долгорочни респираторни проблеми, почина во болница на 5 април – 13 дена по наводниот напад во лондонската станица Викторија. Таа била со неименувана колешка во тоа време и таа исто така била исплукана. Потоа и двете беа во изолација.

Нивниот напаѓач, кој не е идентификуван, наводно им кажал на своите жртви дека го има вирусот. Иако другата жена се опорави, состојбата на Бели се влоши откако започна да се чувствува лошо. Таа почина само три дена откако беше примена во одделот за интензивна нега и беше ставена на вентилатор.

Нејзиниот сопруг Лусамба (60) и нивната ќерка Ингрид (11) никогаш не се збогуваа со неа поради стогите карантински правила. Ингрид имала еден последен видео повик од мајка си од креветот во болницата Барнет пред да стане премногу болна за да разговара.

Бели и Лусама дошле во Велика Британија од Демократската Република Конго како политички бегалци кои бараат прибежиште откако се соочиле со прогонства во нивната родна земја. И двајцата работеа напорно за да добијат подобар живот за себе и за нивната ќерка.

Нема да нѝ биде потребна вакцина против коронавирусот? Германските научници на праг на големо откритие

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...