Конечно се разбудија студентите. Прв политички манифест после долги години…

Конечно студентите како да се разбудија. Објавија и манифест. Подолу прво барањата, а веднаш потоа и интегрално МАНИФЕСТОТ кој препорачуваме да се прочита.
-Идниот Претседател ќе се заколни во Република Македонија, а не во Северна
-Идниот Претседател ќе продолжи со ветото од сегашниот Претседател на сите ‘северни’ закони
-Повлекување и укинување на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија
-Решавање на последиците од Тиранската Платформа
-Итна истрага за криминалите, корупцијата, непотизамот и партискиот клиентизам на политичките партии. Ние не сме должн да ги плаќаме партиските војници
-Итна истрага за сепаратистичките идеи и албанскиот национализам на албанските политички партии, потврден со мајкиот договор, тиранскиор договор, охридскиот рамковен договор и континираните обиди за создавање на голема албанија
-Почитување на нашето право на самоопределуваење, вклучувајќи го изборот на наше име, знаме, грб, устав и внатрешен политички систем
-Почитување на референдумскиот резултат од 1991-ва и 2018-та година;
Ние студентите, без дискриминација по било кој основ, припадност или чувство,
Повторно обединети под словото на Крушевскиот Манифест, бидејќи не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода,
Водени од слободарските идеји дека сите луѓе на светот, вклучувајќи ги и Македонците, се раѓаат слободни и еднакви по своите човекови права, слободи и достоинство,
Исплашени од уништувањето на нашата иднина, иднината на нашите мајки, татковци, баби, дедовци, деца, внуци и правнуци,
Вознемирени од исполнувањето на стравот нотиран во Вториот Извештај на специјалната комисија од Европската Комисија од 2017 година дека грешките од минатото можат да се повторат и една форма на заробена држава може да биде заменета со друга, во случајов со заробување на новата ГМО-творба, Северна Македонија,
Загрижени за нашата и иднината на нашата заедничка татковина,
Револтирани од партизицијата на институциите и делбите во општеството по различни основи,
Изразуваме грижа за непочитувањето на домашното и меѓународното апсолутно задолжително право на самоопределување преку узурпација на надлежностите на Македонскиот Претседател од страна на Министерот за Надворешни Работи и Владата преку потпишување на геноцидниот Преспански Договор,
Неспокојно го следиме неспроведувањето на резултатите од референдумот за суверена, независна и самостојна Република Македонија од 1991 и непочитувањето на референдумскиот резултат од референдумот за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција од 2018 година,
Со голема доза на вознемиреност ги осудуваме сите политички дивоградби во поредокот на Републиката, вклучително и заробениот правосуден систем кој наместо да ги штити човековите права, тој обединето работеше на уривањето на уставниот поредок преку активна поддршка и придонес кон уценувањето и повторното заробување на законодавната власт од страна на извршната преку работата на јавните обвинителства, особено преку случајот 27-ми Април и политичкиот прогон на СЈО,
Немирно го следиме политичкиот пазар, кој целосно ги има исклучено граѓаните од дебатата за новиот Закон за јавно обвинителство, со што е пристапено кон создавање на нова политичка дивоградба, а не орган кој во име нa граѓаните на Република Македонија ќе ги гони сторителите на кривични дела,
Поради тоа изјавуваме бескомпромисна борба во одржувањето на општество на слободни луѓе, каде слободата од страв е највисок идеал на секој човек, република која нуди еднакви шанси за сите со почитување на поделбата на државната власт и апсолутно признавање, почитување, заштита и гаранција на правата на човекот со цел човекот да не биде натеран да се побуди против тиранијата и угнетувањето,
Убедени во тоа дека секој има право непосредно да учествува во управувањето со јавните работи на својата земја и има право на рамноправна основа да стапува во јавна служба во својата земја,
Уверени дека волјата на народот е основата на државната власт, а ние граѓаните власта ја остваруваме по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување, подеднакво колку што тоа го прават и народните пратеници, за кои се уверивме дека по преземањето на власта знаат да се одродат од своите сограѓани,
Бескомпромисно поддржувајќи го континуитетот на сувереност, самостојност, граѓанство, демократија, владеење на правото, признавање, почитување, заштита и гаранција на човековите слободи и права, мирот и мирно решавање на сите спорови, социјалната правда, економската благосостојба, еднаквоста и единството, слободата, одржливиот развој и напредокот на личниот и заедничкиот живот во Република Македонија.
Со надеж дека почитувањето на европските вредности кои се идентични со македонските вредности втемелени во заробениот Устав, односно во темелните вредности на моментално заробениот уставен поредок на Републиката се предуслов за овозможување на рамноправно општество,
Не можејќи да веруваме пред замижувањето на меѓународната заедница кон меѓународното апсолутно задолжително право на самоопределување и непроцесирањето на меѓународните кривични дела поврзани со македонскиот геноцид изведен од Грција која и покрај тоа што ниту се извинила сака денес да го чува македонското небо,
Гласно ја осудуваме грубата асимилација и виктимиазација на македонскиот народ преку неговата нехумана поделба на грчки Македонци, бугарски Македонци, албански Македонци, граѓани на Република Северна Македонија, македонски колонисти и останати асоцијации со територијата на македонската империја и присвојувањето на историјата од соседите,
Згрозени од директното мешање во внатрешните работи и загрозувањето на независноста на Република Македонија од страна на Тиранската Платформа, која претставува почеток на двегодишното заробување на државата и јадро, односно конкретизација на неправото насочено кон уништување на сувереноста на Република Македонија и непочитување на суверенитетот-граѓаните, која го најави задолжителното носење на договор со Бугарија и Грција,
Како нивен одговор го носиме следниот:
МАНИФЕСТ ЗА ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА
СЛОБОДА
Слободата на Човекот и Граѓанинот не смее да биде вознемирувана од заробен правосуден систем, политички дивоградби или било кој друг вид на државна или локална власт, која не е одобрена од нас граѓаните.
Признавањето, почитувањето, заштитата, гаранцијата и унапредувањето на меѓународните и домашните човекови права претставува апсолутна должност на државата и граѓаните.
Граѓаните мора да бидат активно вклучени во одлучувањето за законите кои имаат врска со нивната слобода, особено за јавното обвинителство и судството. Јавните обвинители и судиите мора за својата работа да одговараат директно пред изворот на суверената власт- граѓаните.
Создавање на механизам за реална заштита и гаранција на човековите права наспроти нефункционалните барања за заштита на човековите права пред Уставниот Суд кој се докажа во нештитењето на уставноста и законитоста на Македонија.
ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО
Со цел владеење на правото, најпрво потребно е разликување на евроконтинтенталната правна традиција (Reichstat-Правна држава) од англо-саксонското правна традиција (Владеење на правото-the Rule of Law).
Во Република Македонија постои заробен правосуден систем кој е последица на заробената правна држава, бидејќи граѓаните не се вклучени во владеењето на правото, туку се само владеани преку заробената правна држава.
Затоа, потребна е итна замена на правната држава во Република Македонија со целосна примена и почитување на владеењето на правото. Тоа би значело воведување на граѓански пороти од 12 еднакви кои ќе бидат гаранција на спроведувањето на владеењето на правото во пракса.
Во таа насока, потребна е целосна независност на правосудниот апарат од извршната власт, дополнет на начин што Министерството за правда ќе биде ставено во функција на администрирање на правдата односно на владеењето на правото (под надлежност на Врховниот Суд), а не државен орган во рамки на Владата. Воведување на магистрати кои истовремено ќе вршат надзор над работата на полицијата.
Судиите од прв степен да ја определуваат казната кога вината ќе ја утврди граѓанската порота, и да бидат ограничени на мандат за кои ќе можат да конкурираат граѓани за судските функции од прв степен. Јавните обвинители на ист начин како судиите и магистратите да бидат редовно избирани на локални избори од граѓаните на градовите и селата каде што потекнуваат. Потеклото и местото на живеење мора да се неизбежно поврзани со месната надлежност на судиите, обвинителите и магистратите.
Со воведувањето на владеењето на правото, граѓаните директно ќе бидат вклучени во владеењето на правото, како гаранција на истото со цел избегнување на создавање на политички дивоградби во системот и жртви од заробениот правосуден систем на истиот.
Врховниот Суд на Република Македонија, по примерот на Врховниот Суд на САД да продолжи активно да учествува во воедначувањето на судската пракса околу дискриминацијата на македонскиот народ со Преспанскиот договор кој иако геноциден, почна да произведува дејствија во домашниот правен сообраќај на Републиката.
Отворање на прашањето за заробениот Устав и континуираното заробување на правосудството и законодавната власт од извршната власт, како последица од лошиот премиерски систем.
Донесување на конкретни акти за департизација на иституциите и компаративна анализа на решавањето на овој проблем. На пример, во Велика Британија членството во политичка партија се замрзнува во моментот кога некој државник е обвинет, а по судскиот епилог се пристапува кон гласање за негово исклучување.
Воведување на систем на меритократија и прекин на дискриминацијата која произлегува од Охридскиот рамковен договор.
Енергична и решителна борба против корупцијата. Покренување на истраги за непотизмот во сите државни органи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се само на експресните стипендии блиски роднини на високи функционери од Министерството за надворешни работи и Собранието на Р.М; Специјалното јавно обвинителство, како институција за вработување на блиски роднини на Јавниот обвинител што го води СЈО и членови на семејства на судии и обвинители од правосудството на Р.М. кое наместо да ја решава корупцијата во Македонија, послужи како алатка за ново заробување на државата во насока на спроведување на геноцид врз македонскиот народ.
Одржување на траен мир и мирно решавање на споровите преку владеење на правото.
Спроведување на задолжителен национален референдум за воена неутралност на Република Македонија и искористување на геостратешката положба на Македонија како мост на Истокот и Западот да овозможи back-stop граници по примерот на Северна Ирска и Ирска со Европската Унија (преку Грција и Бугарија) и со Евро-Азиската Унија (преку Србија).
Владеењето на правото, односно правото и правдата не би биле можни без постигнување на рамноправност на сите граѓани по сите основи, нешто што е возможно преку единството и еднаквоста. Постигнување на рамноправност преку единство и еднаквост е возможно преку:
Итен прекин на спроведувањето на Тиранската Платформа во Република Македонија и преземање на мерки за санирање на последиците од нејзиното спроведување кое има поттикнато нарушување на рамноправноста на граѓаните и дискриминација на македонското, турското, влашкото, ромското, бошњачкото и населението од други националности.
Признавање, почитување, заштита и гаранција на еднаквоста и единството на Република Македонија преку бескомпромисно почитување на суверенитетот на државата кој извира и ни припаѓа на нас граѓаните. Овозможување на остварувањето на власта преку референдум и непосредно изјаснување на граѓаните како највисока форма на почитување на демократијата и владеењето на било која власт во Македонија.
Erga omnes забрана на дискриминацијата по било кој основ.
Прекин на политичкиот реваншизам преку кривичното право, детално регулирање на уставно препознатата категорија на политички кривични дела, прекин на принципот на неодговорност кај поедини социјални групи.
Прекин на политичкиот пазар, селективната правда и воведување на мерки за санирање на нарушената еднаквост и единство преку дијалог и учење на меѓународното јавно право.
Примена на социјалната правда, хуманизацијата и солидарноста особено кон оние на кои им е најпотребна, како начин за постигнување на рамноправно општество на еднкави граѓани.
Владеењето на правото, односно правото и правдата не би биле можни доколку истите не се во линија со меѓународно апсолутно задолжително признавање, почитување, заштита, гаранција и унапредување на човековите права:
Имајќи го предвид контиунитетот на виктимизација и загрозеноста на правото на самоопределување на македонскиот народ потребно е преземање на неодложни афирматнивни мерки за правото на самоопределување на македонскиот народ, дома и надвор
Република Македонија да биде заштитник на правото на самоопределување на македонскиот народ, на начин што народните претставници и сите останати претставници на било која власт во целост ќе го признаваат, почитуваат, заштитуваат, гарантираат и унапредуваат правото на самоопределување на македонскиот народ.
Претседателот на Република Македонија како последен бедем околу уставното име потврдено на успешниот референдум во 1991 и неуспешниот во 2018 да предложи мерки за санирање на последиците од континуираното кршење на правото на самоопределување на македонскиот народ.
Правото на избор на сопствен политички систем, Устав, име, знаме, грб и химна влегуваат во правото на самоопределување и потребно е нивно итно усогласување со правото на самоопределување на македонскиот народ.
Во таа насока, со цел уживање на правото на самоопределување бараме:
Враќање на сонцето од Кутлеш за државно знаме на Република Македонија;
Почитување на нашиот избор на име во нашето политичко републиканско уредување: МАКЕДОНИЈА;
Враќање на лавот за грб на Република Македонија;
Почитување на референдумскиот резултат од 1991-ва и 2018-та година;
Поднесување на предлог за промена на заробениот Устав од корумпираните политички елити кои извршија велепредавство на македонскиот народ и Република Македонија преку поднесување на предлог нов Устав од Претседателот кој ќе ги отвори вратите за организирање на предвремени парламентарни избори на кои ќе се избере новото уставотворно собрание на Република Македонија.
Уставниот Суд по сопствена иницијатива да ги поништи сите акти кои имаат произлезено од судирот во надлежностите на Владата и Претседателот, a се во врска со кршењето на општоприфатените норми на меѓународното право, особено на грубото кршење и загрозување на правото на самоопределување на македонскиот народ.
Новиот Претседател на Република Македонија да се заколни во Република Македонија, а не во ГМО државата ’Република Северна Македонија’ и да го продолжи ветото од сегашниот Претседател на сите ‘северни’ закони. Членовите на претседателскиот кабинет не смеат да имаат направено кривично дело, ниту пак да имаат направено дела со кои ја оцрнуваат иснтитуцијата Претседател.
Актуелниот Претседател на Република Македонија да испрати специјални пратеници до ООН, НАТО, ЕУ и Грција, а во врска со референдумите од 1991 и 2018 година. Дополнително, проф. д-р Ѓорѓе Иванов да преземе активни мерки за спречување на ширењето на ГМО државата.
По примерот на Британската заедница (Commonwealth) Претседателот на Република Македонија да иницира формирање на Македонска заедница, во која ќе се развиваат добрите пријателски, економски, образовни, инфраструктурни, научни и добрососедски односи со државите кои некогаш биле дел од македонската империја. Во таа насока, Републиката ќе води особена грижа за правото на самоопределување на Хунзите, Калашите, Јагхобите, Нохурците и сите други народи кои тврдат дека се потомци на македонските колонисти, односно на македонскиот народ.
Владеењето на правото и правдата значи задолжително ERGA OMNES владеење на JUS COGENS нормите на меѓународното право, поради тоа потребно е итно усогласување на внатрешните неусогласености со општо прифатените норми на меѓународното право во насока на:
Решавање на последиците од Тиранската Платформа и започнување преговори со Албанија во врска со мешањето во внатрешните работи на Македонија (Тиранска Платформа – Закон за јазиците, Договорот со Бугарија, Преспанскиот договор, Мајскиот договор, Охридскиот рамковен договор, воениот конфликт од 2001 година).
Итна истрага за криминалите, корупцијата, сепаратистичките идеји и албанскиот национализам на албанските политички партии
Ослободување на заробеното правосудство преку почитување на словото на праведниот закон, а не на неправедниот. Во правна смисла не е возможна амнестија за меѓународни кривични дела какви што се: воените злосторства од 2001 година и делата против меѓународното право од 2018 година. За таа цел потребно е итно процесирање на меѓународните воени злосторници и геноцидните политичари во Македонија. Истовремено потребно е процесирање на меѓународните кривични дела од Граѓанската војна во Грција врз македонското и населението од останатите народи во Меѓународниот кривичен суд. Преживеаните воени злосторници (она за кое што зборуваше грчкиот премиер Ципрас) мора да одговараат за делата на геноцид врз македонскиот народ (она за кое што зборуваше македонскиот претседател Иванов) и надвор и дома (според меѓународното кривично дело одобрување или оправдување на геноцид преку грубо минимизирање и оправдување на геноцидот врз македонскиот народ од страна на грчката, бугарската држава и македонските политичари).
Повлекување од Бугарскиот и Грчкиот договор со почитување на обврските кои произлегуваат од меѓународното право, односно со почитување на принципите на добрососедство, соработка и стратешки партнерства преку извршување на договорените проекти за инфраструктурно и останато поврзување со бугарскиот, грчкиот и албанскиот народ.
Почитување на меѓународно апсолутно задолжителните норми на меѓународното кривично право и санкционирање на сите преживеани извршители на геноцидните дела врз македонскиот и останатите народи за време на грчките граѓански војни и враќање на имотот на сите насилно иселени Македонци, не само во Грција туку и правда за внатрешно раселените Македонци за време на внатрешниот воен конфликт од 2001 година.
Почитување на меѓународното апсолутно задолжително право за правата на македонскиот народ во соседните и останати држави од светот преку признавање, почитување, заштита, гаранција и унапредување на човековите права и малцинските права.
ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКА РАМНОПРАВНОСТ И ОПШТЕСТВЕНА БЛАГОСОСТОЈБА ПРЕКУ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА СИТЕ ГРАЃАНИ И СТУДЕНТИТЕ БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО БИЛО КОЈ ОСНОВ:
Донесување на минимална законска плата за граѓаните еднаква на платата на народните пратеници. Секое покачување на платата на претставниците на власта мора да биде еднакво со покачувањето на минималната законска плата за граѓаните. Минималната законска плата ќе се разгледува и утврдува најтранспарентно со намалување на работното време на 6 часа дневно.
Донесување и спроведување на конкретни мерки на локално и национално ниво со цел олеснување и финансиска помош за отпочнување на бизниси и реализирање на претприемничките идеји, со воведување на афирмативни мерки за младите.
Овозможување на Република во која економијата ќе биде подредена на интересите за животната средина без компромиси со правото на живот, односно со здравјето на човекот или животната средина и природа
Развој на македонското економско чудо преку преструктруирање на македонската економија во извозно-ориентирана. Државата континуирано да одвојува годишно 8% од БДП за кредитирање и инвестиции и помош во start-up компании на младите и граѓаните.
Подобрување на општествената благосостојба преку инвестирање во науката и искористување на научните сознанија за олеснување на секојдневниот живот на граѓаните на начин што државата да одвојува минимум 3% од БДП за инвестиции во науката, кокретно во проекти од највисок национален интерес, како формирање на: Македонска вселенска агенција; Македонска истражувачка станица на Антартикот; Македонски генетски институт и целосно престуктуирање на МАНУ во вистиска научна академија, а не политичка слугинка на елитите на власт.
Реформирање на образовниот систем како јавно и заедничко добро од оние кои се директно засегнати од него следејќи го принципот на саморегулирање кој ги инспирираа студентскиот, професорскиот, средношколскиот, наставничкиот и родителскиот пленум.
Возобнонвање на Охридската книжевна школа како државен универзитет.
Факултетите и Универзитетите да ја гарантираат платената студентска пракса, работа и вработување заедно со македонското стопанство независно од политичките ситауции, бремиња, партии, локални/парламентарни/претседателски избори, референдуми или останати општествени случувања.
УРЕДУВАЊЕ И ХУМАНИЗАЦИЈАТА НА ПРОСТОРОТ И ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА:
Почитување на референдумите против рудниците и Архуската конвенција за рудниците на смртта во Македонија и останатите еколошки загадувачи.
Регулирање на сите еколошки загадувачи без разлика дали се домашни или странски фирми преку информирање на јавноста за истите и затворање на оние кои влијаат негативно врз здравјето и животната средина
Унапредување на животната средина и природа преку преземање на активни мерки за намалување на загадувањето.
Заштитата, уредувањето и хуманизацијата на просторот мора да биде во линија со природата.
Да се уреди еколошкото загадување односно загрозувањето на правото на живот на граѓаните како можност за Претседателот да прогласи вонредна состојба и да ги искористи сите државни ресурси со единствена цел за осигурување на здравјето и животот на граѓаните и животната средина и природа.
СОЗДАВАЊЕ НА ДУХ НА ДОВЕРБА МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И НИВНИТЕ НАРОДНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ФУНКЦИЈА НА ДЕМОКРАТИЈАТА КАКО СУШТИНСКИ ЕЛЕМЕНТ ЗА ПОЛИТИЧКА СТАБИЛНОСТ ВО ЗЕМЈАТА:
После неверството од корумпираните политички елити кои спроведоа туѓа платформа создадена во кабинет на странски премиер, а не дома; која пак доведе до потпишување на два меѓународни договори спротивни на задолжителните jus cogens норми на меѓународното јавно право, односно почитувањето на правото на самоопределување на македонскиот народ потребно е да се воспостави одржлив систем на отчетност на народните избраници пред граѓаните во текот на целиот мандат.
Народните претставници без разлика на етничката припадност ќе мора да гласаат согласно волјата на граѓаните изразена на референдум, на избори или со други методи на непосредно изјаснување, а не со менување на ставови за чувствителни прашања преку ноќ.

Loading...