Контролор на ЈСП се физички се пресметал со патник?

Како што дознаваме контролор на ЈСП се физички се пресметал со патник. Тој прво се заканувал па потоа и го нападнал патникот. Според полицијата, Г.М.(56) од скопското село Марино вчера на пладне пријавил во ПС Драчево дека истиот ден во 7.20 часот во автобус бил навредуван и физички нападнат од контролорот во ЈСП.
Полицијата го расчистува случајот по што против контролорот ќе биде поднесена пријава.

Loading...