Концертите ми го продолжуваат животот и ми даваат желба за живот: 12 години од последното „Ѕвездено небо“ на Тоше (ВИДЕО)

Loading...

„Ова ми е најубавиот провод на целиот свет. Овие концерти пред кои имам најмногу трема, верувате ли дека ми го продолжуваат животот. За нив живеам и работам“. Вака Тоше Проески ја најавува една од неговите песни на последниот концерт пред скопската публика кој се одржа на денешен ден пред точно 12 години.
Денеска се навршуваат 12 години од последниот концерт на Тоше, одржан на Градскиот стадион во Скопје. Петти октомври стана симболичен датум благодарение на него и сѐ она што препознававме во неговиот лик: човечност, хуманост, добрина, исклучителен талент, космополитски дух.

loading...