– Направете мешавина од овесни снегулки и суво овошје и запакувајте ги во мали кесички. Држете ги на посебно место во кујната, секогаш нека ви бидат на дофат и подгответе ги кога ќе бидете во најголемата гужва. Промешајте ги со јогурт или млеко и уживајте во брзиот здрав појадок.
– Подгответе си брз сендвич со леб, павлака, шунка и зеленчук или пак во слатка варијанта – лепче со малку путер и мармалад. Ако не сакате да појадува одма штом станете, овие сендвичи се лесни за пакување и носење на работа.
– Кога веќе ќе појадувате, задолжително понесете со себе и овошје. Три часа по појадокот е одлично време за витаминска ужина. Јаболкото, портокалот или бананата спакувајте ги соодветно и понесете ги во чантата.
– Секогаш на дофат имајте енергетски плочки од житарици. Во кола, во чанта, во канцеларија… Надокнадете ја енергијата во било кој дел од денот со ваков десерт.