Коронавирусот однесе 2 млади жртви на возраст од 23 и 29 години

Loading...

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани девет починати од ковид-19 во земјава.

Меѓу нив се и двајца пациенти од Скопје и Струмица на возраст од 23 и 29 години.

Другите починати се од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62 г.), од Куманово (60), од Велес (70) и по уште еден од Скопје (71) и Струмица (44).

Осум од починатите починале во болнички услови, а една од пациентките од не го издржала патот од Струмица и починала при транспорт кон Скопје.

Засега нема информации дали на пат кон Скопје починала 29 или 44-годишната жртва.

 

loading...