Корона вирусот галопира, соборен е рекордот на заразени на дневно ниво

Loading...

Корона вирусот галопира, соборен е рекордот на заразени на дневно ниво

Новорегистрираните заразени од КОРОНА ВИРУСОТ на 9 октомври беа околу 360 илјади, што е бројка која досега не е забележана од почетокот на пандемијата.

Повеќе држави соборуваат рекорди во негативна смисла. Така беше вчера и кај нас.

Во Франција според податоците на Министерството за здравство има 26.896 новоинфицирани, а вкупно 718 873 пациенти.

Нов неславен рекорд: регистирани 393 заразени за само 24 часа, четворица починаа

И во Бугарија соборен е рекордот. Во Бугарија, во претходните 24 часа се  потврдени рекордни 612 нови случаи. Во Грција се регистрирани 306 нови случаи на коронавирус, што е огромна бројка.

Сериозен пик беше забележан и во Црна Гора со над 300 случаи за 24 часа.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...