Корупцијата ги изеде амбулантите во руралните средини

Корупцијата ги изеде амбулантите во руралните средини, реагираат од политичката партија Левица, од каде нема инфраструктура, вода, канализација и слично.

– Владата и Министерството за здравство немаат чувство за потребите на граѓаните во руралните средини. Покрај тоа што жителите се оставени без инфраструктура, без вода, без канализација, тие исто така немаат пристап до адекватна медицинска помош. Принудени се да патуваат во најблискиот поголем град, доколку се во можност.

Во Предлог завршната сметка на буџетот за 2022 година може да се види дека во потпрограмата Амбуланти во руралните подрачја кај Министерството за здравство од првично планираните скромни 750.000 денари буџетски средства, нема потрошено ниту денар за оваа намена.

Ништо подобра не е состојбата со Реконструкција и доградба на објектите на Јавните здравствени установи во градовите. Реализацијата е помала за 10% во однос на планираното.

Отворање на нови амбуланти и реконструкција на постојните е повеќе од потребно за жителите во овие населени места поради намалување на морбидитетот на населението, подобрување на квалитетот на живеењето, запирање на процесот на масовно иселување на жителите, пред сè на помладите, но и поради развој на стопанството и економско заживување на руралните средини.

Овој проблем е присутен повеќе децении. Ниту демографските ниту економските причини не се доволни за Владата на СДС-ДУИ да овозможи поквалитетна здравствена заштита на луѓето од овие одалечени средини кои се во многу понеповолна положба заради ограничениот пристап до здравствена заштита.

Со СДС и ДУИ во власта приоритетите и потребите на граѓаните ќе останат само на хартија. – пишуваат од Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи: