Косовска делегација во Брисел

Loading...

Делегација на Косово во четврток ќе престојува во Брисел, каде што во кабинетот на високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон ќе го претстави планот за имплементација на договорот со Белград, постигнат минатата недела.„Планот е конкретен, опфаќа законски акти, временски периоди и актери на имплементацијата. Очекуваме планот на имплементација да биде утврден до 26 април, како што беше потврдено со првиот договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија за веднаш да започне неговата примена“, рече Тачи на владина седница, пренесува Радио Слободна Европа.Тој призна дека имплементацијата на договорот може да претставува предизвик, но додаде дека е убеден оти таа ќе биде успешна.„Овој план не е насочен против било кого. Тој е на услуга и во интерес на сите. Од планот на имплементација не треба никој да се плаши, ниту граѓаните на северот, без оглед на дезориентираните гласови кои ги испраќаат неколку лица кои северот веќе 14 години го држат како заложник“, наведува Тачи.По потпишувањето на договорот и утврдувањето на планот на имплементација на 26 април, се очекува негова ратификација и во Собранието на Косово.
МакфаксДелегација на Косово во четврток ќе престојува во Брисел, каде што во кабинетот на високата претставничка на ЕУ Кетрин

loading...
Loading...