Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада, јави “Бота сот“.
– Оставката е неотповиклива, рече Харадинај, образложувајќи дека оваа одлука е донесена откако добил покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг во својство на осомничен, и додаде “со овој чин на оставка сакам да ја одвојам функцијата премиер од Рамуш Харадинај“.
– Во Хаг не оди премиерот туку Рамуш Харадинај, рече тој и додаде дека косовскиот претседател Хашим Тачи треба да почне консултација со партиите заради датум за нови избори.
– На следните избори ќе се кандидирам и јас и мојата партија, но сега не можам да ја водам земјата во ваква ситуација зашто тоа само ќе ја отежне положбата на Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.