Кочо Анѓушев излезе од контрола –  со фломастер удри по новинарите

Loading...

Вицепремиерот Анѓушев секогаш се обраќа со висок тон – на тоа сме веќе навикнати, но денес навистина ги премина сите граници. На денешниот брифинг во момент кога беше сигурен дека камерите и микрофоните се исклучени фломастерот со кој ја образложуваше изведбата на автопатот Кичево – Охрид го фрли кон новинарите, извикувајќи – претеравте, претеравте.

Објаснувањето за ваквото однесување тој го оправдува со тоа што веќе цела година ги трпел критиките на новинарите, а капак му била последната емисија на “360 степени#. 

Иако тој смета дека за целото тоа време бил транспарентен повеќе не можел да издржи.На прашањето, пак, дали планира да даде оставка тој одговорил негативно, но дополнил дека од сега вака ќе се однесува. Е, па новинари – мислете што правите. Или од сега па натаму фалете го вицепремиерот на Владата, Анѓушев или бидете подготвени – зошто не знаете што ве чека.

loading...