Која е разликата помеѓу мрзливоста и неидентификуваната страст?

Loading...

Некои луѓе не се успешни бидејќи се мрзливи, а други бидејќи едноставно не ја идентификувале својата страст. Иако во двата случаи се соочувате со недостаток на средства, на награди, на признанија и на достигнувања, не станува збор за две исти работи. Да се биде мрзлив значи дека не се трудите, но ако имате неидентификувана страст, вие сепак вложувате труд.
Која е разликата помеѓу мрзливоста и неидентификуваната страст?
Мрзливост
Кога во животот нема да успеете да ги остварите вашите цели затоа што сте мрзливи, тоа е ваш избор. Мрзливоста е начин на однесување кој сте го избрале, односно вашиот избор е да не правите ништо, да направите колку што е можно помалку или да ги одложувате работите.
Мрзливоста обично се манифестира како физичка неактивност и може да биде предизвикана од недостаток на интерес, на самодоверба или на мотивација. Без оглед на причината, мрзливоста се карактеризира со недостаток на желба да преземете каква било акција.


Страст
Вашата страст го разгорува вашиот ентузијазам и ве тера да ги дефинирате и да ги остварите вашите цели и соништа. Енергијата што ве тера да ги преминете сите пречки и повторно да се обидете кога ќе доживеете неуспех, потекнува од вашата страст.
Која е разликата помеѓу тоа да се биде мрзлив и да имате неидентификувана страст?
Кај мрзливите личности постои минимална или воопшто не постои цел, мотивација, интерес или самодоверба. Вашето ниво на амбиција и желба да постигнете или да направите нешто е многу ниско. Не чувствувате потреба да преземете акција, а наместо тоа, мислите дека некој друг ќе го поправи, ќе го открие или ќе го сработи тоа.
Вие постојано чекате да се случи нешто, а колку повеќе чекате и колку повеќе одложувате, толку повеќе ќе бидете немотивирани, па така, ги губите интересот и волјата да созреете и да напредувате.
Во случаите кога не сте ја идентификувале вашата страст, сепак постои интерес. Можеби се чувствувате заглавени во потрагата по некое решение, но важно е дека се трудите и дека не се откажувате.


Кога ќе изберете да бидете мрзливи, вие прифаќате супстандардни услови. Се откажувате од значајни можности, имате изговор за сè што не се случило или што тргнало во погрешна насока и постојано ги обвинувате другите за вашиот неуспех.
Меѓутоа, иако не сте ја откриле вашата страст, вие не се откажувате и не го прифаќате поразот, па постојано сте во потрага по нови решенија. Можеби се обидовте да студирате на неколку факултети или сменивте повеќе работни места, но не престанувате да преземате акција и не ги заобиколувате можностите.
Мрзеливите личности велат „не можам“, „не сакам“ и „нема“, а личностите што не ја откриле својата страст ќе кажат „можам, но треба да научам како“, „сакам да си поставам цели и да ги остварам“ и „ќе ги пронајдам моето место и мојата цел“.
Кога сте мрзливи, прифаќате каков било резултат затоа што немате мотивација да се подобрите, но оние кои не се мрзливи го искористуваат исходот од секоја ситуација за да утврдат дали се таму каде што треба да бидат или треба да продолжат со барањето.

loading...
Loading...