Која храна предизвикува целулит?

Loading...

Постојат многу фактори кои значително придонесуваат за појавата на целулит. Во нив влегуваат гените, начинот на живот, дисбалансот на хормоните, стресот, пушењето, алкохолот, кафето, како и неправилната исхрана.
Несомнено, вашиот режим на исхрана игра клучна улога во тоа како изгледа вашата кожа. Приемот на животински масти и јаглехидрати, наспроти недостатокот на свежо овошје  и зеленчук, можат да доведат до појавување на целулит.
Често ќе слушнеме дека сме она што го јадеме, а тоа е апсолутна вистина, бидејќи храната која ја внесуваме во организмот влијае не само на здравјето, туку и на надворешниот изглед.
Не е тајна дека во денешно време постојат многу начини кој ни помагаат да се избориме со целулитот. Сепак, најдоброто решение е да започнеме од внатре, поточно да водиме грижа за нашето здравје, со што ќе спречиме било какво појавување на целулит.
Многумина мислат дека целулитот е поврзан со телесната тежина, но тоа не е воопшто така, бидејќи луѓето кои имаат забрзан метаболизам и внесуваат храна лоша за организмот, се слаби на изглед, но сепак имаат целулит. Исто така, целутитот не е никако поврзан со возраста, го има и кај помладите и кај повозрасните. Затоа е многу важно да научиме нешто за онаа храна која при редовното консумирање предизвикува целулит и да се обидуваме да ја избегнеме.
Избегнувајте:
Брза храна, јаглехидрати и пржена храна

Црната листа на храна кој треба да ја елиминираме за да се збогуваме со целулитот е многу долга. Во неа влeгуваат јаглехидратите, поточно торти и колачи, бел леб, ориз, тестенини. Треба да се обрне особено внимание на тоа колку јаглехидрати внесувате неделно. Кога станува збор за брзата храна, плескавиците се богати со заситени масти, адитиви, калории и токсини што ги прави најдобар пријател на целулитот. На ист начин функционира и пржената храна. Дури и да немате целулит, таа ќе ви помогне побрзо да ви се појави.
Животински масти, солена и слатка храна

Треба да намалите во внесувањето на животинските масти како пилешката кожа, јагнешко, свинско, колбаси и салами, генемодифицирани масти(паштети, маргарин) и заситени масти(путер, маст, млечни производи).
Благата храна во нашето тело се претвора во токсини и провоцира целулит, додека солената од друга страна доведува до задржување на солта во телото, а тоа е една од главните причина за појава на целулит. Умереноста е решение и кај овие храни.
Алкохол и газирани пијалоци

Општо познато е дека алкохолот помага во зголемувањето на килограмите, како и формирањето на целулитот, бидејќи е богат со калории и токсини. Липидите, кои се наоѓаат во газираните пијалоци исто така влијаат на создавањето на несаканите брчки по кожата, поради високата содржина на шеќер во нив. Постојат многу фактори кои значително придонесуваат за појавата на целулит. Во нив влегуваат гените, начинот на живот,

loading...
Loading...