Кој го организира протестот во недела? Дали Мицковски повторно сака да го контролира?

Сите се прашуваат кој го организира протестот во недела? Насекаде се поставуваат овие прашања. Затоа што на начин на кој се објавуваат и подготвуаат работите се гледа дека се во игра големи финансиски средства. Еве еден пример. Најавени се автобуси од 40 локации. Ако од сите тие локации дојде по само еден автобус потребни се околу 20.000 евра. Кој ќе го плати ова? 
По се изгледа дека пак во позадина стои и се обидува народното незадоволство да го преземе и контролира штабот на Мицковски. Еве некои „траги“ кои ја растеруваат маглата во слики подолу. Еден од можните актери кој ја спроведува вољата на Мицковски е неговиот близок соработник Мане Јаковлевски. Тој на наместениот конгрес во Валандово е веднаш до него. Веруваме дека на таа „местенка“ не било можно некој да седне случајно до него, посебно ако се знае дека во тие редови има доста „статисти“.
А сега во време на организирање на протестот е активно вклучен во собирање на луѓе од комитетите. ПУЛС24 поседува пораки, смс, повици и слично. Но за овој текст ќе изложиме само мал дел.

Ние не се сомневаме во чесните намери на 95 проценти на учесниците во протестите. Тие навистина доаѓаат со намера да го одбраната името на Македонија. Но, како и сега, така и цела година наназад една врхушка која е поврзана со Мицковски и други моќници се труди да го држи под контрола бесот на народот и со тоа тргува со странците. Како на пример Мицковски кога му вети на Хан дека ќе биде конструктивен во врска со ГРЧКИОТ ДОГОВОР. 
Се разбира и Мицко и страниците знаат дека народот ќе оди по свој пат. И ако го остават да си најде свој пат тогаш и Мицко и ДПМНЕ стануваат излишни и небитни во овој процес на „убивање на нацијата“ и бришење на Македонија.

Loading...