Кој е најдобриот начин на исхрана за вас според возраста?

Loading...

Најголемиот мит што им претставува проблем на луѓето е мислењето дека постои „совршената диета“.
Проблемот со ова е тоа што не постојат две исти човечки тела, па диетата што е добра за еден, речиси сигурно нема да му одговара на некој друг.
Сепак, во зависност од вашата возраст, постојат видови храна што би требало да ги избегнувате, како и храна што треба да ја внесувате почесто.
Затоа, погледнете која храна е најдобра за вас според вашата возраст:
Тинејџерски години
Во оваа фаза од животот, телото расте и се развива. Тоа значи дека му се потребни многу хранливи материи.


Но, токму ова е периодот и кога луѓето почнуваат да го прескокнуваа појадокот, а исхраната воглавно им се состои од брза храна.
Ако сте во тинејџерските години, обидувајте се да појадувате секој ден.
Не значи дека мора да се откажете од омилената брза храна, но обидете се да го намалите нејзиното количество. Истовремено, внесувајте храна богата со калциум, протеини и железо.
20-ти
Штом ќе стигнете до 20-тите, би требало да ја замените брзата храна со здрава. На пример, чипсот заменете го со пуканки, млечното чоколадо со темно, сладоледот со јогурт, хамбургерот со пилешко и слично.
Почнете да внесувате храна богата со фолна киселина и омега 3 масни киселини, како зелен лиснат зеленчук, леб, тестенини, јаткасти плодови, лосос и чиа семе.
30-ти


Во овој период од животот настануваат многу промени во организмот. Токму поради тоа, обидете се да внесувате храна што ги зајакнува коските и мускулите.
Храната богата со протеини, како јајца, семки, јаткасти плодови, продукти од соја, пилешко и киноа ви се најдобриот пријател.
Почесто консумирајте и млечни производи за да го одржите здравјето на коските.
Консултирајте се со вашиот лекар за да дознаете дали ви се потребни додатоци во исхраната со калциум и протеини.

loading...