Кој има најголема плата во регионов? Земаме два пати помалку

Loading...

Во регионот најголема плата земаат Хрватите, а Македонците немаат многу со што да се пофалат.
Радио Слободна Европа прави анализа на платите, според која, на прво место е Хрватска со просечна плата од 842 евра. Следува Црна Гора со 511 евра, а на трето место е Босна и Херцеговина со просечна плата од 454 евра. Просечната плата во Косово изнесува 442 евра, што е за 22 евра повеќе отколку во Србија.


На последното место на наведените земји се наоѓа Македонија, каде што просечната плата изнесува 395 евра, што е повеќе од два пати помалку отколку во Хрватска.

loading...