Кој му се заканува со убиство на Јанчев? И за што?

Во драматично телефонско јавување во емисијата „Отворено“ на ТВ24 градоначалникот на Кавадарци изјави дека му се заканувале по живот на него и неговото семејство. Притоа имаше потешкотии да изговори течни и јасни реченици…
И не одоговори кои и за што му се заканувале. Нешто околу референдумот, но сепак нејасно до крај. Па затоа сметаме дека е умесно да побараме оваа мега афера или скандал да се дообјаснат на нашата јавност. За да знаеме дали е ова внатре партиска пресметка или пресметка со власта. Иако нелогично ни делува да му се заканува некој од власта. Нема за што. Та само пред неколку недели имаа со Заев блиска средба во Кавадарци, неочекувано за сите десничари. Имено не можеме да се сетиме Заев кога беше градоначалник да се гушкал со министри на ВМРО или пак со Груевски.
МВР мора под итно да ги расчисти овие афери. Да одговори дали е во прашање кредибилна закана или добро смислен ПР?