Кој не сака да слуша албански нека ги затне ушите или нека се исели

Љуми Бекири, активист на шарената револуција на својот Фејсбук профил реагира на потегот на ракометарот Столе Стоилов, кој демонстративно ја напушти манифестацијата за доделување на награди за спортист на годината, затоа што била двојазична.
-Алергија на албанскиот јазик се чувствува насекаде во Македонија. Од улица и автобус луѓе кои се вртат и те гледаат ако зборуваш со некој на албански, до одбивање за да те послужат или попреко гледање во обичен кафиќ ако те слушнат дека зборуваш на албански, тврди тој.
Во својот статус на Фејсбук Бекири порачува дека албанскиот јазик е реалност, а сите оние кои не сакаат да го слушаат треба да си ги затнат ушите или да се иселат.
-Албанскиот јазик никогаш до сега не се обидел да се наметне како доминантна јазична матрица во Македонија, за разлика од многу други внатрешни и соседни јазици, кои преку своето постоење и го негираат македонскиот јазик сметајќи го за свој дијалект, па од тука ми произлегува прашањето од каде толкав отпор кон албанскиот? Тоа дали вие ќе знаете неколку зборови на јазикот на првиот сосед за да го поздравите кога ќе се сретнете пред врата – кажува за вас. Но факт е и дека голем број на граѓани на Македонија го говорат албанскиот јазик како свој мајчин или како втор јазик. И со таа реалност мора еднаш засекогаш сите да се помирите, образложи Бекири на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.